ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Мојсов: Среќен сум за овие две победи, сите заслуги одат на играчите, голем удел во овие две победи има и Влатко Костов!

Тиквеш влезе во победнички ритам и се проби кон врвот од табелата. Кавадарчани забележаа две високи и многу важни победи. Во средата во заостанатиот меч од 1. коло Тиквеш забележа победа над шампионот Шкупи во Кавадарци од 3:1, а вчера запиша уште една победа на домашен терен од 2:1 над Академија Пандев.

Сега Тиквеш има 10 бодови и се наоѓа на делба на четвртото место, колку што имаат Шкупи и Брегалница.

Екипата по поразот од Силекс во Кратово во 6. коло остана без тренерот Влатко Костов, а Тиквеш на натпреварите против Шкупи и Академија Пандев беше предводен од помошници на Костов, Ѓорѓи Мојсов, Трајче Орешков и Александар Митрев кои го вратија Тиквеш на победничките патеки.

Мојсов за Спортска Мрежа вели дека е среќен за двете победи, сите заслуги одат на играчите, додава дека голем удел во овие две победи има и Влатко Костов.

„Сите заслуги одат на играчите, тие се виновни за овие две победи, ние како стручен штаб секогаш ќе се стремиме за што повеќе победи. Среќен сум за овие две победи, дојдоа баш на време кога клубот неочекувано остана без Влатко Костов, кој што за мене и тоа како има неговата работа удел во овие две победи. Оваа екипа на чело со него беше селектирана нормално заедно со нас“, ни изјави Мојсов.

Тиквеш во среда ќе игра против Кожуф во Гевгелија во рамки на 1/16 финалето од Купот на Македонија. Иако на гостински терен, Тиквеш ќе важи за фаворит за следна фаза од Купот.

„Нормално, Тиквеш како клуб оди во Куп натпреварувањето да стигне што подалеку“, изјави Мојсов за Спортска Мрежа.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!