ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Мојсов: Се извинувам на верните навивачи на ФК Тиквеш и ФК Брегалница, не можев да трпам навреди!

Тиквеш и Брегалница во Кавадарци одиграа 1:1 во рамки на 3. коло од Првата македонска фудбалска лига. Натпреварот го одбележи моментот кога капитенот на Брегалница, Даниел Мојсов заработи директен црвен картон поради конфликт со навивач провокатор кој со постојани навреди се служеше кон Мојсов (кој потекнува од Кавадарци) и неговото семејство.

Мојсов емотивно не издржа и реагираше, па поради конфликтот доби директен црвен картон и ја напушти играта во 75. минута. Мојсов се извини и ги поздрави сите присутни на трбините, истакнувајќи дека проблем е навивачот-провокатор, а потоа упати јавно извинување и по завршувањето на натпреварот до сите навивачи на Тиквеш и Брегалница, до ФФМ, како и до целата јавност.

„Се извинувам на сите навивачи на фудбалот, на верните навивачи на ФК Тиквеш и ФК Брегалница, на верните љубители на Кавадарци и Штип, но неможев да издржам кога некој вреѓа и физички да се пресметува со родител и семејство заедно со моите деца да не изреагирам како што реагирав! Можеби не требаше така како професионалец, но човек од крв и месо сум, трпев година дена вакво вреѓање на моето семејство! Се извинувам и на Фудбалска Репрезентација на Македонија и на сите официјални лица! Само едно можам да кажам, такви лица не смеат да присуствуваат на трибини! Поздрав од секогаш поштениот професионалниот Даниел Мојсов“, вели фудбалерот на Брегалница.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!