Европски ФудбалФудбал

Модриќ негативен по два дена: Кога ќе може да игра ?

Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ доби негативен резултат на тестот за корона вирусот, само два дена откако „кралскиот клуб“ објави дека е заразен.

Од стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во средата беше објавено соопштение во кое се наведува дека Модриќ и Марсело добиле позитивни резултати на редовните тестирања.

Веќе во петокот шпанските медиуми објавија дека Хрватот бил негативен на вториот ПЦР тест.

Сега се поставува прашањето дали Модриќ ќе може да игра против Кадиз. Според „Марка“, според протоколите на Ла Лига, сите играчи мора да бидат во карантин десет дена по позитивен резултат, без разлика што покажуваат следните тестови.

Сепак, според правилата на градот Мадрид, секое вакцинирано лице може да ја прекине изолацијата во моментот кога ќе добие негативен резултат.

Според медиумите во Шпанија, Модриќ ќе мора да направи уште еден тест за да се разјасни оваа ситуација.

Натпреварот помеѓу Реал и Кадиз е закажан за в недела.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!