Европски ФудбалФудбал

Модриќ го напушта Реал ?!

Пред неколку дена останувањето на Модриќ во Реал изгледаше како завршена работа …

Шпанските медиуми пред неколку недели објавија дека останувањето на Модриќ во Реал е решено и дека е само прашање на време кога хрватскиот маестро ќе го продолжи договорот со „Кралскиот клуб“ кој истекува на крајот од сезоната.

Меѓутоа, според „Супер Депорте“, Лука е незадоволен од долгите преговори со мадридскиот клуб и интензивно размислува за други опции, а како главен кандидат за негово доведување го наведува последнопласираниот премиерлигаш Њукасл Јунајтед.

„Тајмс“, пак, ја пренесува приказната дека Пеп Гвардиола и Манчестер Сити многу сакаат да доведат играч од средниот ред на Реал. Според „Тајмс“, по една сезона во Сити, Лука би се преселил во редовите на Њујорк Сити каде би ја завршил својата богата кариера.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!