Млекар со нов триумф, Влазними Јуниор славеше над Ултрас во меч со 11 гола, триумф за Мукос

Викендот се одиграа натпреварите од 3. коло на Општинската фудбалска лига во Прилеп.
ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“
Во рамки на А1 квалитетна фудбалска лига на Прилеп екипата на Клепач 2013 со минимални 0:1 го доби мечот со Кадино. Стрелец на победничкиот гол вреден три бодови беше Александар Цветановски кој стрелаше во 27. минута од мечот.
Канатларци со службен резултат (0:3) го доби мечот со Галичани, бидејќи домашната екипа не се појави на теренот. Само претставник на Галичани се појави на теренот и изјави дека немаат доволен број на играчи со што натпреварот не беше одигран.
Екипата на Ултрас на домашен терен загуби од Влазними Јуниор со резултат 5:6. Неизвесноста траеше во текот на целиот меч, а водството се менуваше и кај двете страни. До триумфот гостите стигнаа со трите погодоци на Мерсин Мемедоски, двата погодоци на Али Фејсулоски и еден погодок на Алмир Фејзулоски. За домашната екипа погодоци ги постигнаа Бобан Тошески, Љупчи Хаџиспоркоски, Јоваци Обррадовиќ, Димитар Коруноски и Мартин Трајаноски.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428
Во А2 општинската лига на Прилеп убедлива победа забележа Црвена Звезда која славеше со 4:1 над Кадица 1965. Двоен стрелец за домаќинот беше Горан Илиоски, а по еден гол постигнаа Марјан Кузманоски и Бојанчо Кочоски. За гоститен единствен стрелец беше Валентин Трајкоски.
Убедлива победа имаше и Гарван Десово со 3:1 над Тризла 2008. Арбен Сулејманоски во 5. минута си постигна автогол, а до крајот на мечот за домаќините двоен стрелец беше Ерман Имероски, а еден погодок беше дело на Есад Аломеровиќ за конечните 3:1.
Мажучиште на домашен терен беше поразен со 1:2 од Мукос. Гостите до водство во првиот дел дојдоа со погодоците на Николче Ристески и Васко Попоски, а автогол си постигна Благоја Димоски.
Стрела 21 славеше над Пролетер со 2:3. За домаќинот стрелаа Мухамед Алиоски и Денис Шерифоски, а пак за гостите Влатко Петрески, Јане Ристески и Зоран Секирски.
Боротино дома загуби со 1:2 од Млекар. Стрелец на единствениот погодок за домаќинот беше Мирослав Секулоски, а пак за гостите погодоците ги постигнаа Јосе Цветаноски и Боби Ачкоски.
ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“
Пелагонија од с. Пашино Рувци со службен резултат (3:0) го доби мечот со Прилеп Сити. Како што е наведено во забелешката на официјалниот записник од овој меч „После извршена идентификација екипата на Пелагонија најавува жалба за играчот со бр.21 од Прилеп Сити Петрески Оливер и е утврдено дека играчот не ги знае податоците од книшката и не е тој.“