ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГАФудбал - Четврта Лига

Младост Удово на контролен натпревар со Победа Валандово

Во недела се игра контролен натпревар меѓу третолигашот Младост од Удово и четвртолигашот Победа од Валандово.

Контролката е прва и за двете екипи во подготовките за пролетната полусезона.

Младост од Удово имаше солидна есен во Третата лига – Југ и заврши на осмото место на табелата со 15 освоени бодови, а во пролетната полусезона ќе се бори за повисок пласман на табелата.

Победа Валандово е есенски шампион во Четвртата лига, односно Општинската фудбалска лига во Валандово со 10 освоени бодови, колку што има и Партизан Баш, а во пролетниот дел ќе атакува на задржување на првото место и влез во Третата лига – Југ.

Натпреварот се игра во Валандово во недела со почеток од 13:30 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!