Младост со фантастично прво полувреме го среди Радовиш во СРЦ „25 Мај“, трите бодови одат во Богданци

Младост во Богданци ги носи трите бодови, откако во СРЦ „25 Мај“ го совлада Радовиш со 23:22.
Две различни полувремиња за двете екипи. Младост во првиот дел одигра фантастично, додека второто беше доминација од страна на радовишани.
Во првиот дел се играше изедначено до 7:7, а потоа гостите се одлепија на 15:7, радовишани постигнаа само еден гол до крајот за 15:8 на полувреме.
Негатива од седум погодоци беше голема за Радовиш, кој во второто полувреме одигра одлично, но сепак на крај загуби со само еден гол разлика, односно 22:23.
Мите Караиванов, Никита Лошчаков и Илија Динов постигнаа по пет погодоци и беа најдобри кај победничката екипа, додека кај Радовиш најдобар беше Зоран Стојановски со шест погодоци, а еден помалку имаа Ивица Илиев и Ангелче Органиев.
За Младост ова беше втора победа во плеј-аутот, додека за Радовиш ова е втор пораз во низа и со тоа се оддалечува од првите три безбедни места за опстанок.