Младост од Удово се засили со нови осум играчи

Младост Удово за пролетната полусезона од Третата лига – Југ се засили со нови осум играчи, од кои пет се под 19 години.
Ѓеровски Коста доаѓа од второлигашот Кожуф, Деловски Слободан кој доаѓа од редовите на струмичка Беласица, Алиов Беркан од Тиса Чалакли, Стојанов Никола и Ѓоѓиев Ангел во паќет од Победа Валандово, а исто така во пакет доаѓаат и Јованов Даниел, Кавазов Лазар и Кавазов Давор од Валандово – Вардар.
Од клубот си заминаа тројца играчи, Грбашлиев Лазе, Митков Слободан и Маринковиќ Оливер сите тројца го засилија Дојранско Езеро.
Третолигашот предводен од тренерите Тасев Донче и Мицевски Зоран има за цел подмладување на екипата и градење на тим за следната сезона, додека во пролетната полусезона влегува со цел за подобар пласман на табелата.