ФудбалФудбал - Четврта Лига

Младост и Македонија Агино убедливо ја започнаа новата сезона од ОФЛ – Куманово

Викендот стартуваше новата сезона од Општинската фудбалска лига во Куманово со натпреварите од 1. коло. Како што претходно објави Спортска Мрежа, ОФЛ – Куманово е поделена на Југ и Север со по 8 екипи.

  • Извештај за натпревари од 1. коло од ОФЛ – Куманово (Север)

На стартот од истата екипата на Младост однесе убедлива победа од 6:3 над Четирце. За домашниот тим хет-трик постигна Владимир Трајковски, додека пак Младен Петрушевски беше двоен стренец, а во листата на стрелци се запиша и Немања Стојковиќ. За гостите двоен стрелец беше Роберт Божиновски, а третиот гол беше дело на Виктор Спасевски.

Карпош со 1:4 загуби на домашен терен од екипата на Речица. За домашниот тим единствен стрелец беше Виктор Радевски, а пак за гостите двојни стрелци беа Милан Трендафиловиќ и Христијан Кипријановски.

Јуниор на теренот во Старо Нагоричане со убедливи 1:5 го совлада составот на Козјак. За домашниот тим единствен стрелец беше Стефан Лазаревиќ, а пак за гостите погодија Младен Пешевски, Денис Стојковиќ и Владан Митевски и Давид Бојковски кој беше двоен стрелец.

Костурник на домашен терен со убедливи 4:2 го доби дуелот со Куманова-Милано. За домашниот тим погодоија Ибрахим Ќерими, Ринор Џафери, Фетахи Малиќ и Ментор Џафери, додека пак за гостите двоен стрелец беше Егзон Адеми.

  • Извештај за натпревари од 1. коло од ОФЛ – Куманово (Југ)

Во меч со девет погодоци екипата на Орашац на домашен терен беше поразена од Слога од Умин Дол со 4:5. За домашниот тим хет-трик постигна Давид Трајковски, а стрелец на еден гол беше и Владимир Митрички. За гостите Двојни стрелци беа Мевлан Сулејмановски, Давор Здравковски, Слаѓан Миленковски се впиша во листата на стрелци со еден погодок.

Куманово на домашен терен загуби минимални (0:1) од екипата на Пчиња, со погодокот на Иван Вукановски.

Победа на домашниот терен во Тромеѓа забележа убедлива победа од 5:3 над Ран Производ. Хет-трик за домашниот тим постигна Давор Ѓорѓевиќ, додека пак по еден гол постигнаа Антонио Јовановски и Срѓан Анѓеловски. За гостите погодија Игорче Анѓелкоски, Стефан Ангеловски и Бобан Младеновски.

Македонија Агино на крилата на Стефан Насковски го декласираше составот на Клечовци со убедливи 6:2. Насковски беше стрелец на сите шест погодоци, додека пак за Клечовце стрелаа Даниел Димитриевски и Мартин Петрушевски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!