РакометРакомет - Суперлига
Младост Богданци со победа над Работнички ја заврши Суперлигата на последното место

Младост Богданци дојде до својата втора сезонска победа во Суперлигата, откако на домашен терен славеше со 35:28 над Работнички. Победата за богданчани доаѓа после десет последователни порази.
Младост одигра одличен натпревар и во првото полувреме имаше предност од 16:14. Во вториот дел домаќините продолжија со одличната игра и на крај од натпреварот сосема заслужено дојдоа до голема победа од 35:28 над Работнички.
Најдобар кај Младост беше Лупашко со осум гола, додека кај Работнички најпрецизен беше Ончев со десет гола.
Младост сезоната во Суперлигата ја заврши на последното место во групата Б, додека Работнички во недела ќе го одигра последниот натпревар, кога на домашен терен ќе го пречека Тиквеш.