Младост 2015 со триумф над Куманова-Милано, високи победи за Ран Производ и Пчиња

Викендот беа одиграни натпреварите од 5. коло од Општинската фудбалска лига во Куманово.
Во група „Север“ сигурна победа запиша Младост 2015 откако на домашен терен со 3:1 славеше над Куманова-Милано, триумф од 3:2 забележа и Четирце, кој на домашен терен со 3:2 го доби мечот со Речица.
Козјак и Карпош го поделија „пленот“ во меч со шест погодоци, откако ремизираа играјќи 3:3, а поделба на „пленот“ имаше и меѓу Јуниор и Костурник играјќи 2:2.
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ОФЛ – КУМАНОВО (СЕВЕР) 5. КОЛО:

- Најава на 6. коло:
Куманова-Миланово – Речица
Костурник – Четирце
Карпош – Јуниор
Младост 2015 – Козјак
Во 5. коло од група Југ високи победи забележаа Пчиња и Ран Производ, а два натпревари завршија без победник.
Пчиња на домашен терен со високи 8:0 ја торпедираше екипата на Клечовце, а вистинска катастрофа доживеа и Орашац, кој на гостински терен со 6:0 беше декласиран од Ран Производ.
Куманово 2012 ремизираше со Слога од Умин Дол играјќи 2:2, а Победа и Македонија Агино ги поделија бодовите, откако одиграа 1:1.
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ОФЛ – КУМАНОВО (ЈУГ) 5. КОЛО:

- Најава на 6. коло:
Слога – Клечовце
Орашац – Пчиња
Македонија Агино – Ран Производ
Куманово 2012 – Победа