ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГАФудбал - Четврта Лига

Младост 2015 и Костурник ремизираа со ШЕСТ погодоци, убедливи победи за Куманово 2012 и Победа

Изминатиот викенд се одиграа натпреварите од 3. коло од Општинската фудбалска лига во Куманово.

Во рамки на ОФЛ Север – Куманово беа одиграни четири натпревари, а третото коло во оваа група донесе многу погодоци.

Карпош на домашен терен со високи 4:1 славеше над Куманова-Миланово, додека пак Младост 2015 и Костурник го поделија „пленот“ откако двете екипи ремизираа играјќи 3:3.

Екипата на Козјак на домашен терен беше поразена од Речица со резултат од 0:2, а пак Јуниор на домашниот терен во Доброшане беше убедлив против екипата на Четирце со високи 7:1.

  • ТАБЕЛА 3. КОЛО ОФЛ СЕВЕР – КУМАНОВО:

Во рамки на 4. коло од оваа група Куманово-Милано на домашен терен ќе го пречека составот на Четирце, Речица ќе биде домаќин на Јуниор, во Горно Којнаре ќе се соочат Костурник и Козјак, а пак Карпош на домашен терен ќе игра дерби дуел со Младост 2015.

Во рамки на 3. коло од Општинската фудбалска лига Југ – Куманово екипата на Македонија Агино со службен резултат (3:0) го доби дуелот со Слога од Умин Дол.

Куманово 2012 на домашен терен со 6:1 го декласираше составот на Орашац, а пак Победа од Тромежа со високи 8:0 го торпедираше Клечовце. Минимален триумф од 1:0 однесе екипата на Ран Производ во мечот против Пчиња.

  • ТАБЕЛА 3. КОЛО ОФЛ ЈУГ – КУМАНОВО:

Во рамки на 4. коло од оваа група Слога на домашен терен ќе игра против Пчиња, Клечовце ќе биде домаќин на Ран Производ, Орашац дома ќе ги одмери силите со Победа, а пак Македонија Агино ќе се соочи со Куманово 2012.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!