ФудбалФудбал - Четврта Лига

Младост 2015 ги почнува подготовките за влез во Трета лига – Север со меѓународен натпревар против Раднички од Текија (ФОТО)

Есенскиот шампион во ОФЛ Куманово екипата на Младост има амбиции оваа година за влез во Трета лига – Север, по неколку добиени дерби натпревари и без пораз со право атакува на Трета лига – Север и се наметнува како главен фаворит.

Закажаниот меѓународен натпревар со Раднички од Текија, Србија ќе биде вистински тест и овој натпревар е еден од ретките во Македонија кој ќе го игра екипа од Општинска лига. Контролниот натпревар е закажан на 28. февруари и истиот ќе биде одигран на стадионот на Младост во Долно Коњаре.

Младост одигра фантастична есенска полусезона и со 23 освоени бодови, без ниту еден пораз е лидер во ОФЛ Куманово. Главниот фаворит за промоција во Третата лига – Север има пет бодови предност пред второпласираниот Куманово 2012.

Во изјава за Спортска Мрежа, од Младост велат дека се задоволни од постигнатите одлични резултати и дека „костурот“ на екипата на чело со извонредниот Никица Петрушевски е сочуван и истиот е засилен со осум квалитетни засилувања за пролетните предизвици.

„Нашата екипа одигра извонредна полусезона и резултатите тоа го покажуваат, имаме неверојатен скор со преку 30 голови во 9 натпревари и се уште сме без пораз тоа покажува дека со право сме есенски шампиони. Најбитното е дека костурот на екипата е сочуван на чело со извонредниот Никица Петрушевски, немаме играчи кои ќе заминат од клубот, но затоа имаме 8 нови засилувања, имаме нови засилувања од странство и пред се сакаме да напоменеме дека играчите се сите до 20 години. Уште посилни сме во одбраната со Милош Алексиќ и Теодор Стојановски и на голот со Марио Цветановски, во нападот сме посилни со брзоногиот Дамјан Арсовски и корпулентниот Милан Благојевиќ и после долги преговори на излезна врата од Речица е и Душан Митиќ – Курц“, велат од клубот и додаваат:

„Амбиции и цели за пролетната полусезона е да одржиме континуитет и да се подобриме уште повеќе. Подготовките ги почнуваме од 21. февруари и имаме договорено уште неколку контролни натпревари од кои веќе го издвоивме меѓународниот со Раднички од Текија.“

Тренинг на Младост 2015

Младост пролетната полусезона ја стартува против Победа од Тромеѓа на 14. март.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!