РакометРакомет - Суперлига

Младите „пелистерци“ си поиграа со Металург, Вардар го декласираше Охрид, Прилеп го доби Пролет

Денес беа одиграни три средби од ракометната Суперлига на Македонија.

Металург на гостувањето во Битола кај Еурофарм Пелистер 2 допатува со десетмина и без Озтурк и Рибеиро, па многу извесно уште пред стартот на средбата беше дека бодовите ќе останат во „Боро Чурлевски“. Младите „пелистерци“ си поиграа со тимот од Автокоманда и со убедливи 39:23 го забележаа осмиот сезонски триумф.

За домашните најдобар стрелец беше Петар Анасијевиќ со осум погодоци, а еден помалку постигна Цветан Кузмановски. Кај гостите Златко Хорват со седум погодоци беше најефикасен.

Вардар на домашен терен со убедливи 33:26 го совлада Охрид и во победничка атмосфера ќе патува во Битола каде во следното коло ќе се соочи со дирекниот конкурент за титулата Еурофарм Пелистер.

Тимур Дибиров со 11 голови беше најефикасен во таборот на домашните, а кај гостите со седум погодоци најдобар беше Филип Кривокапиќ.

Ракометарите на Прилеп одиграа одличен натпревар во рамки на 14. коло од Суперлигата и на домашен терен со 27:24 ја совладаа екипата на Пролет.

Искусниот Реваз Чантурија со шест погодоци беше најефикасне во таборот на прилепчани, а еен помалку постигна левиот бек Давор Шокоски. Кај гостите од Скопје Давор Палевски со шест погодоци беше најдобар стрелец.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!