ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

“Младиот” Вардар го загуби дербито со Шкендија, но одигра одличен натпревар во Тетово

Лидерот Шкендија го доби дербито со „младиот“ Вардар откако на Градскиот стадион во Тетово славеше со 2:1, во меч од 20. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Иако вардарци загубија сепак одиграа одличен натпревар и одлично му парираа на фаворитот.

Резултатот беше отворен во 15. минута откако Мурати Мевлан ја погоди противничката мрежа за 1:0, а радоста на тетовци траеше само 2 минути, бидејќи Мирчевски Мартин донесе брзо израмнување. На полувреме резултатот беше 1:1.

Во вториот дел Шкендија влезе под притисок за победа и три бодови, па со гол на Алими Арменд во 62. минута имаше повторно водство од 2:1. До крајот на натпреварот мрежите и на двете страни мируваа.

Шкендија е лидер на табелата со 45 бодови и чекори кон титула во домашното првенство, откако Шкупи денес се „лизна“ и ремизираше со Академија Пандев, па бодовната разлика сега е осум бодови. Вардар сега ја дели шесттата позиција со 26 бодови, колку што има и Борец.

Во следното коло Шкендија ќе игра дерби со Работнички во Скопје, додека Вардар ќе гостува повторно во Тетово овој пат Ренова.

Табелата од Првата лига погледнете ја ОВДЕ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!