Младиот Леонид Стојановски со прв интернационален предизвик во Малта

Младиот фудбалски талент, Леонид Стојановски, кариерата ја продолжува на Малта, каде стави потпис на договор со Тархиен- клуб кој се натпреварува во втората лига на Островот.
>>> ПРОМОВИРАЈТЕ АПАРТМАНИ И РЕСТОРАНИ НА ТУРИСТИЧКАТА ПЛАТФОРМА – КОТВА.МК <<<
19-годишниот лев бек пред да го направи својот прв интернационален трансфер настапуваше за Маџари Солидарност, а претходно беше дел и од прволигашот Македонија Ѓорче Петров.
Новиот клуб на Стојановски е на третото место на табелата и има само два бода помалку од двете водечки екипи. Првите две места обезбедуваат пласман во фудбалската елита на Малта, а Стојановски кој на Малта ќе остане во следните шест месеци со опција за продолжување на соработката ќе помага во остварување на целта на неговиот нов клуб.