Младиот фудбалер Енсар Лума ја напушта Шкендија во потрага по поголема минутажа

Младиот фудбалер Енсар Лума од 15 јуни официјално се раздели со својот матичен клуб, Шкендија од Тетово.
Напаѓачот и челниците на клубот одлучија да ги делат патиштата со заеднички договор, почитувајќи ја желбата на играчот да бара тим каде ќе има повеќе простор за игра и натпревари.
20-годишникот е талент од фудбалската школа на Шкендија, а изминатата сезона во која Шкендија ја освои титулата, младинскиот репрезентативец Лума одигра четири натпревари и постигна еден гол
Недостигот на простор во тим каде конкуренцијата е исклучително голема, се чини го убеди играчот дека и покрај големата љубов кон домашниот клуб, во овој момент неговата реалност е да ја бара судбината во друга средина каде ќе има поголема минутажа која е важна за развојот на неговата кариера.