ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Младинците Стојанов и Берзати добиваат шанса во првиот тим на „лавовите“

Македонија Ѓорче Петров за новата сезона од Првата македонска фудбалска лига им даде шанса на двајца младинци за настап во првиот тим.

Андреј Стојанов и Дашмир Берзати од младинскиот тим добиваат шанса за настап во првиот тим на „лавовите“ и патуваат во Банско на припреми со екипата.

Претходно, во текот на денешниот ден Македонија ЃП ги промовираше Кристијан Ивановски и Абу Камара од Либерија кои заедно го засилуваат нападот на екипата предводена од Александар Таневски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!