ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Младинскиот репрезентативец Ѓорѓиевски е ново засилување на Шкупи

Македонскиот вицешампион Шкупи се засили со напаѓачот на У-21 репрезентацијата на Македонија, Марко Ѓорѓиевски.

21-годишниот напаѓач се враќа во домашното првество од редовите на Раднички Пирот. Во српскиот шампионат Ѓорѓиевски одигра 26 натпревари и постигна седум погодоци.

Во својата кариера младиот фудбалер има настапувано и за Вардар и велешки Борец.

Ѓорѓиевски во Шкупи доаѓа на едногодишна позајмица, со можност за откуп на крајот од сезоната.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!