Младеновски ќе го суди дербито меѓу Пелистер и Воска, Арсов на центарот во Струмица

Утре со шест од осум натпревари ќе биде отворена шесттата рунда од Втората македонска фудбалска лига. Натпреварите помеѓу Кожуф и Караорман кој се игра во Гевгелија, како и мечот меѓу Охрид и Детонит Плачковица кој се игра на „Билјанини Извори“ се одложени за 12. октомври (среда) поради обврски на дел од фудбалерите во аматерската репрезентација на Македонија.
Сите шест натпревари ќе биде одиграни утре со почеток од 15 часот, а познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на сите натпревари.
- Делегирани судии 6. коло ВМФЛ:
Пелистер – Воска Спорт, Марјан Младеновски (Скопје)
Слога Виница – Гостивар, Игор Иванов (Велес)
Беласица – Беса, Спире Арсов (Кочани)
Тетекс – Каменица Саса, Благојче Ралевски (Битола)
Вардар – Локомотива Пехчево, Дејан Младеновски (Скопје)
Арсими – Борец, Крумислав Ѓоргиев (Штип)
Кожуф – Караорман, Јосип Бартон (Скопје) *ќе се игра на 12. октомври (среда)
Охрид – Детонит Плачковица, Фуркан Идризи (Тетово) *ќе се игра на 12. октомври (среда)