РакометРакомет - Суперлига

Мицев: Сакам предизвици, останав во одлични контакти со клубските другари во Радовиш, верувам во успех!

Како што објави вчера Спортска Мрежа, младиот талентиран голман Александар Мицев е најново засилување за ракометниот клуб Радовиш.

Мицев по две години се враќа повторно во Радовиш каде ќе го брани голот во следната сезона во Суперлигата.

За Спортска Мрежа, Мицев вели дека сака предизвици, верува во успех и додава дека останал во одлични контакти со клубските другари.

„Сакам предизвици, останав во одлични контакти претходно со клубските другари и верувам дека успехот ќе биде загарантиран оваа сезона. Верувам во клубот и во тимскиот дух кој го поседува овој клуб“, ни изјави младиот голман од Неготино.

Мицев во Радовиш доаѓа од редовите на Младост од Богданци, а во својата кариера има настапувано и за Тиквеш и Струга.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!