Европски ФудбалФудбал

Митровиќ повторно е играч на месецот во Чемпионшип

Напаѓачот на Фулам, Александар Митровиќ е прогласен за играч на месецот во Чемпионшип. Репрезентативецот на Србија го доби ова признание трет пат по ред.

Во текот на претходниот месец, Митровиќ одигра пет натпревари на кои постигна четири гола и забележа две асистенции.

Александар Митровиќ одигра 21 натпревар, а со 22 гола е водечки стрелец во првенството. Во дресот на српската репрезентација одлично се снајде и во текот на сите квалификациски натпревари за Светското првенство во Катар, а претходниот месец беше стрелец и против Португалија, што им овозможи на „орлите“ директно да се пласираат на Мундијалот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!