Европски ФудбалФудбал

Митровиќ го напушта Стразбур, следната станица е Саудиска Арабија

Стефан Митровиќ, репрезентативец на Србија, ова лето би можел да го напушти тимот на Стразбур.

Договорот на капитенот на францускиот тим истакува во 2022 година, а челниците на Стразбур немаат намера да му понудат продолжување на соработката.

Затоа 31-годишниот Митровиќ најверојатно ќе ја напушти Франција во овој преоден рок, а се чини дека тоа решение е најприфатливо и за него и за клубот.

Интерес има за Стефан од Италија и Шпанија, но француските медиуми наведуваат дека тој е најблизу до одење во клубот Ал Батин од Саудиска Арабија, кој од клупата го водеше српскиот стручњак Александар Веселиновиќ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!