
Во недела во Спортската сала на СОУ „Коле Нехтенин“ ќе се одигра дерби пресметката меѓу Астибо и Кеги Моби во рамки на 18. коло од Втората футсал лига на Македонија.
Тренерот на штипјани Илија Митров за Спортска Мрежа вели дека во недела очекува одличен футсал натпревар бидејќи и двете екипи се во полн состав и се борат за влез во Првата футсал лига.
„Кеги Моби е одлична екипа и уште на почетокот на првенството бевме најсериозните екипи за освојување на првите две места кој водат кон Првата лига, но сепак и двете екипи во текот на првенството имавме киксови и неочекувани порази па така во борбата за првите две места се вмешаа би рекол и уште три екипи, а со тоа и целиот тек на натпреварите стана поинтересен и повозбудлив. Во недела очекувам одличен футсал натпревар бидејќи и двете екипи се во полн состав и се борат за влез во Правата футсал лига. Кеги ќе имаат одличен пречек и услови за натпревар во новата сала на СОУ ЕМУЦ „Коле Нехтенин“ во Штип, а публиката и гледачите на интернет преносот ќе имаат можност да уживаат би рекол на натпревар од прволигашки футсал.“

Митров вели дека атмосферата во екипата на Астибо е одлична, додава дека со нетрпение го очекуваат стартот на натпреварот.
„Атмосферата во екипата е одлична. Како што веќе реков ќе играме во полн состав и тоа ни дава уште поголема сила и верба во успех. Физички сме одлично подготвени за ваков натпревар и со нетрпение го очекуваме неговиот почеток.“
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428
Тренерот на Астибо вели дека би бил презадоволен и со минимална победа и освојување на огромни три бода за пат кон Прва лига.
„Ние сме комплетни но и тие доаѓаат во полн состав. Да, точно е дека во првиот натпревар не беше мерило резултатот бидејќи настапивме без 4 стандардни играчи и јас како тренер поради корона, но сега приказната е поинаква и затоа очекуваме и добар натпревар. Искрено не верувам во таква голема победа бидејќи и тие се комплетен состав и би бил презадоволен и со минимална победа и освојување на огромни три бода за пат кон Првата лига.“