РакометРакомет - Суперлига

Митревски: Продолжувањето на договорот со Стипе е од големо значење за Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер ја продолжи соработката со Стипе Мандалиниќ, откако со повремениот хрватски репрезентативец и еден од најдобрите ракометари во Суперлигата стави потпис на нов договор. Спортскиот директор на клубот од Битола вели дека тоа е првиот чекор кон градење на уште подобар тим за следната сезона.

„Во Стипе Мандалиниќ го добивме точно тоа што ни беше потребно – лидер на теренот и надвор од него. Продолжувањето на договорот е од големо значење за нас како клуб и тоа првиот чекор кон градење на уште подобар тим за следната сезона. Задоволни сме што и Стипе се чувствува добро во Битола и верува во нашиот проект кој е на повисоко ниво секоја година“, изјави спортски директор на Еурофарм Пелистер, Димитар Митревски.

Подготовки за вториот дел од сезоната, Еурофарм Пелистер ќе започне на осми јануари во Битола. По Божиќните празници Бабиќ ќе прозива во спортската сала „Јован Калаузи“ во Битола, каде ракометарите ќе тренираат неполни две недели.

Централната фаза на подготовки е предвидена од 20 до 30 јануари 2021 година, а веројатно база на екипата ќе биде Хрватска. Клубот предвидува одигрување на неколку контролни натпревари, за кои дополнително ќе информира.

Првиот натпревар во новата сезона предвиден е за шести февруари, кога во рамките од второто коло на СЕХА Гаспром лигата, Еурофарм Пелистер ќе гостува кај ППД Загреб.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!