ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Митревски и Ајдини први зимски засилувања за Тетекс

Второлигашот Тетекс ги официјализираше првите две зимски засилувања. Во клубот од Тетово пристигаат Божидар Митревски и Ринор Ајдини.

19-годишниот Митревски кој игра на дефанзивната позиција во Тетекс пристигнува од прволигашот Силекс. Тој е и стандарден репрезентативец на Македонија до 19 и воедно капитен.

20-годишниот Ајдини во Тетово доаѓа од второлигашот Кадино, а претходно има настапувано и за хрватскиот второлигаш Драговољац.

Екипата предводена од Славчо Георгиевски – Тупан преговара со уште неколку фудбалери кои би требало дополнително да го засилат клубот кој се бори за опстанок во Втората лига – Запад.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!