Мирко Мајиќ го продолжи договорот со Бутел Скопје

Левото крило Мирко Мајиќ и во следните две сезони ќе го носи дресот на Бутел Скопје. Еден од најдобрите стрелци години наназад во суперлигашкото друштво реши да ја продолжи верноста со Бутел.
„Одлучив да останам во Бутел Скопје од неколку причини. Од првиот ден во клубот па се до денеска се е испочитувано од страна на раководството. Момците со кои играм се фантастични и едноставно станавме големо семејство, го имаме она заедништво што е потребно за секој колектив. Бутел од година во година покажува квалитет и напредува во секоја смисла, па не гледам причина да не го продолжам мојот престој овде. Иако сум странец, се чувствувам како да сум дома бидејќи сите ме прифатија уште од стартот. Драго ми е што сум дел од овој клуб и што ќе му помогнам во остварувањето на амбициите. Да ми кажеше некој дека ќе останам толку долго време во еден ист клуб, немаше да му верувам, но сигурен сум дека сум на вистинското место. Се радувам на новите предизвици и високите амбиции на клубот“, вели Мајиќ.