ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Мирчевски: Превалец е подготвен, одиме на победа против Напредок!

Во недела се игра големото дерби во Велес меѓу екипите на Превалец и Напредок од Крушеани, во меч од 13. коло од Третата лига – Југ. Натпреварот е важен и за двете екипи кои атакуваат на прво место и влез во Втората лига – Исток. Во изјава за Спортска Мрежа, голманот на Превалец, Мирчевски Никола вели дека Правалец е максимално подготвен и оди на победа против Напредок и додава дека противникот е незгоден.

„Превалец е максимално подготвен за натпреварот. Напредок е незгоден противник, но ние ќе го искористиме домашниот терен и одиме на сигурна победа. Во минатите кола од првеството имавме проблем со повредени играчи, но во недела тренерот ќе го има целиот тим на располагање“, вели Мирчевски.

Натпреварот се игра со почеток од 13:00 часот на игралиштето во населбата Превалец – Велес.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!