Европски ФудбалФудбал

Миралем Пјаниќ се сели во Лондон ?

По разочарувачката сезона во Барселона ова лето, репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Миралем Пјаниќ, може да го напушти „Камп Ноу“ и да се пресели во Англија.

31-годишниот играч за врска дојде во каталонскиот клуб од Јувентус во јуни 2020 година во трансфер вреден 60 милиони евра и потпиша договор до 2024 година, но тој не се прослави и многу е веројатно тој веќе да ја завршил епизодата во Примера.

Каталонски „Спорт“ објави дека интерес за Пјаниќ покажал Тотенхем, кој од клупата ќе го предводи Нуно Еспирито Санто.

Босанскиот фудбалер минатата сезона одигра 19 натпревари во шпанскиот шампионат и не постигна ниту еден погодок.

Искусниот играч за врска роден во Тузла својата професионална кариера ја започна во Мец, а потоа играше во Лион, Рома, Јувентус и Барселона.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!