ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Минимален пораз на Брегалница од Раднички, по само една грешка на стартот од мечот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Брегалница доживеаја минимален пораз од 0-1 од српскиот прволигаш Раднички од Сремска Митровица на првиот пријателски натпревар за време на подготовките во Дојран.

Поразот за „сините“ на тестот во Дојран следеше по само една грешка на одбраната уште во 2. минута од средбата која гостите ја искористија за ран погодок.

Целиот натпревар меѓу Брегалница и Раднички:

Во продолжението Брегалница ја контролираше играта преку активно темпо создавајќи можности за погодок, но мрежата на српскиот тим остана нечепната. Во второто полувреме, избраниците на Марјан Секуловски имаа дополнителни можности за гол, наспроти дефанзивно ориентираните противници, но изостана реализацијата.

Од првата минута на натпреварот настапи и засилувањето за продолжението од сезоната, Муарем Муарем.

БРЕГАЛНИЦА: Денковски, Ѓорѓиевски, Николовски, Манов, Митрев, Бакрачески, Муарем, Дујоски, М. Стојанов, Додев, Кудијан
РАДНИЧКИ (С.МИТРОВИЦА): Кнежовиќ, Нешковиќ, Спајиќ, Милуновиќ, Башиќ, Радосављевиќ, Мијаиловиќ, Арнаутовиќ, Стефановиќ, Бабиќ, Милошевиќ

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!