Европски ФудбалФудбал

Минатата сезона забележа само седум настапи: Робен се прости од играњето фудбал по втор пат

Арјен Робен по втор пат објави дека се збогува од фудбалската кариера. Првпат тоа го стори пред две години, откако го напушти Баерн, но една година подоцна се врати во Гронинген.

„Драги љубители на фудбалот, решив да ја завршам кариерата. Многу тешка одлука. Сакам да им се заблагодарам на сите за нивната пријатна поддршка“, рече Робен.

Тој во својата кариера играше за Гронинген, ПСВ, Челси, Реал Мадрид и Баерн, со кого исто така ја освои Лигата на шампионите во 2013 година постигнувајќи го победничкиот гол во финалето против Борусија Дортмунд.

37-годишниот фудбалер беше шампион на Холандија, Англија, Шпанија и Германија во својата клупска кариера, додека со Холандија беше еднаш втор во светот и еднаш трет.

Минатата сезона тој имаше само седум настапи за Гронинген поради проблеми со повредите.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!