Европски ФудбалФудбал

Минатата недела дебитираше за ПСЖ: Серхио Рамос повторно надвор од терените

Стоперот на ПСЖ, Серхио Рамос ќе го пропушти утрешниот натпревар против Ленс, во рамките на 17. коло од Лига 1.

Поради проблеми со повреди, искусниот Шпанец дури во неделата на 28 ноември дебитираше за Париз, но потоа беше надвор од тимот на дуелот со Ница минатиот викенд.

Тренерот Маурисио Покетино отсуството го објасни со зборовите дека Рамос е уморен, а сега од клубот најавија дека товарот мора да се прилагоди на мускулниот замор поради продолжението на натпреварувањето.

Од тие причини, 35-годишникот го пропушта гостувањето на северот на Франција, а кога ќе се врати на теренот останува нејасно.

Фудбалерите на ПСЖ во натпреварот влегуваат од првата позиција со 41 бод, 12 повеќе од второпласираниот Марсеј.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!