ФудбалФудбал - Македонска репрезентација

Милевски и Ристовски: Финска и Азербејџан како генерална проба за квалификациите за ЕП

Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски и капитенот Стефан Ристовски на официјална прес-конференција зборуваа за очекувањата од натпреварот против Финска кој ќе го одиграме денес на Националаната арена „Тодор Проески“ во Скопје. 

„Лигата на Нации е зад нас. Сега не очекуваат два натпревари против Финска и Азербејџан како генерална проба пред квалификациските натпревари во март. Секако ќе пробаме различни варијанти кои ќе ни бидат во функција за сето она што не очекува на квалификациските мечеви. Не случајно инсистирав да играме со квалитетни противници, Финска е супер тим, неслучајно се во вториот барабан за групите од европските квалификации. Натпреварот ќе ни покаже или ќе ни даде насока и правец што би требало да се промени или да се задржи за она што не очекува и во групната фаза. Знаете дека имаме квалитетна група и затоа ни се потребни овие контроли со квалитетни противници. Ќе има некои промени, особено што последните мечеви ни дадоа некои насоки, посебно во реализацијата дека треба да се подобриме. На тој момент не бев задоволени се надевам во иднина ќе го промениме тој сегмент“, вели селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски.

„Дали чувствуваме замор од сезоната? Да, особено јас во Динамо имав многу натпревари почнувајќи од јуни. Но, можеби за некои играчи кои имаат слаба минутажа ќе дојдат добро. Не треба да бараме алиби, треба сите да сонуваат да играат за репрезентацијата која е светост. Овие два натпревари треба да ги одработиме на најпрофесионален начин и верувам дека тоа ќе го направиме. Приоритет на секој играч е да се победи, особено кога се игра за репрезентацијата. Не познавам некој играч кои сака само да впише минутажа. Без разлика на минатите резултати, секој меч ни е добродојден и низ вакви натпревари да се крене самодовербата. Многу е лесно да се изгуби самодоверба, но тешко е да ја добиеш. Затоа се потребни вакви натпревари“, вели капитенот на македонската репрезентација, Стефан Ристовски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!