ФудбалФудбал - Македонска репрезентација

Милевски и Барди: Целта е со победа да ја завршиме годината

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски и репрезентативецот Енис Барди на официјална прес-конференција говореа за очекувањата од утрешниот натпревар против Азербејџан на Националната арена „Тодор Проески“.

„За жал, утре Бојан Миовски нема да игра поради болест, а поради приватни причини  го ослободив и Езџан Алиоски. Ќе мора да играме без нив двајца. Ние на секој натпревар играме да победиме, нема да биде поразлично и утре. Секогаш играме на победа, се надевам така ќе биде и против Азербејџан. Знам дека Азебејџан добро не скаутирал, но се надевам дека нашиот квалитет ќе излезе на површина иќе стигнеме до победа. Јас инсистирав на вакви противници, различни и квалитетни, Финска е топ репрезентација, Азербејџан игра навидум поразличен фудбал, но нивните последните натпревари го потврдуваат нивниот квалитет, очигледно е дека селекторот добро си ја работи работата. Имаат одлични индивидуалци и се агресивни. Ние имаме квалитет, слабостите ги анализиравме од мечот со Финска, мислам дека се тоа моменти на деконцентрација и ќе направиме се да ги поправиме грешките, кои не смееме да ги имаме на официјалните мечеви следната година со оглед на квалитетот на противниците“, рече селекторот Благоја Милевски.

„Фаворити во фудбалот денеска нема , на нас е да одиграме максимално добро, ја анализиравме средбата со Финска, треба да ги поправиме малите грешки што ги имавме, се надевам на позитивен резултат со Азербејџан. Противникот е физички силен, ние ќе ги нападнемеи сакаме да дојдеме до победа за поголема самодоверба и со успех да ја завршиме годината“, рече Енис Барди.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!