ФудбалФудбал - Македонска репрезентација

Милевски: Групата е тешка, но во денешниот фудбал нема лесен противник, или однапред запишани бодови!

Македонија ќе се соочи со Бугарија, Грузија и Гибралтар во новото издание на Лига на нации за сезоната 2022/2023.

Селекторот Благоја Милевски вели дека групата е тешка, но додава дека во денешниот фудбал нема лесен противник, или однапред запишани бодови.

„Групата е тешка, но во денешниот фудбал нема лесен противник, или однапред запишани бодови. Нѐ очекуваат сериозни натпревари. Грузија е репрезентација против која одигравме неизвесни натпревари во последниот период. Бугарија одигра нерешено против Европскиот првак, Италија. Тоа значи дека нашиот противник бележи значителен напредок. Гибралтар се разбира дека не е истата селекција од првото издание на Лига на нации кога се соочивме во иста група. Македонија мора да биде на највисоко ниво на секој натпревар. Денешниот фудбал, едноставно не трпи поинаков пристап. Сѐ што ќе бараме од фудбалерите и целиот наш тим е максимално залагање на сите натпревари“, вели селекторот на македонската фудбалска репрезентација.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!