ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Милески: Атмосферата е одлична, голема благодарност до публиката која е секогаш со нас, се надевам на позитивен резултат во Струга

Македонија го доби дербито со Сатеска, на домашниот терен во Враништа, на кое имаше голем број присутни навивачи кои, и покрај дождот дојдоа, и ги бодреа избраниците на Ѓоце Крстаноски. Третолигашот од Враништа сега се израмни со Црно Буки и се наоѓа на второто место со 22 освоени бодови, шест помалку од непоразениот лидер Караорман.

Спортска Мрежа разговараше со Методија Милески по завршувањето на вчерашниот натпревар, а фудбалерот на екипата од Враништа вели дека победата против Сатеска е потврда за одличната атмосфера во екипата.

„Атмосферата од почетокот на првенството е на ниво, а победата против Сатеска само ја потврди одличната атмосфера која верувам дека ќе се задржи до крајот на есенскиот дел“, ни изјави Милески.

Ниту дождот не е пречка за големиот број на присутни навивачи во Враништа

29-годишникот и се заблагодари на публиката, која и покрај поројниот дожд, дојде на теренот во Враништа и ја поддржа својата екипа.

„Голема благодарност до вранишката публика која на секој натпревар е со нас, тоа многу ни значи и се надевам дека им враќаме на најдобар можен начин.“

Македонија Враништа во следното коло игра дерби против непоразениот лидер Караорман покрај езерото во Струга, Милески во изјавата за Спортска Мрежа вели дека очекува позитивен резултат од гостувањето во Струга.

„Караорман е добра организирана екипа пред сè, што кажува и самиот факт дека сè уште не е поразена, но ние ќе си ја играме нашата игра борбено и до самиот крај и се надевам дека пак ќе ја израдуваме публиката и ќе се вратиме со позитивен резултат од таму.“

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!