Европски ФудбалФудбал

Милан започна преговори со Кутињо

Милан е заинтересиран за следната сезона во своите редови да го донесе Филипе Кутињо, играч на Барселона.

„Росонерите“ летово останаа без Турчинот Чалханоглу, а Бразилецот од редовите на Барса се сметаше за некој што може да го замени. Најголем проблем може да биде платата. Кутињо добива 12 милиони евра по сезона и неговиот договор истекува во 2023 година.

Минатата сезона Кутињо одигра само 12 натпревари за Барселона во Примера, а потоа го пропушти поголемиот дел од сезоната поради повреда на мускулот. Од кога дојде Роналд Куман за тренер на каталонскиот гигант, Кутињо е во втор план и веројатно тоа нема да се промени.

Затоа, не би било изненадување Кутињо повторно да замине во Милано. Тој беше играч на Интер од 2008 до 2013 година, но поголемиот дел од тој период тој го помина на позајмица. Тој постигна три гола за Интер на 28 натпревари.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!