Европски ФудбалФудбал
Милан започна, а потоа ги прекина преговорите со Рамос, откриена ГЛАВНАТА ПРИЧИНА!

Шпанските медиуми пишуваат дека поранешниот капитен на Реал Мадрид бил во контакт со Милан.
Медиумите во Шпанија, вклучувајќи ја и телевизијата „Чирингитуо“, известуваат дека се воделе преговори меѓу Рамос и Милан, но италијанските медиуми, вклучувајќи ги „Тутомеркато“ и „Калчомеркато“, наведуваат дека наскоро биле прекинати.
Причината е високата плата што искусниот дефанзивец ја бараше од „росонерите“, така што нема да има ништо од зделката.
Милан сака да ги намали трошоците, па платата на Рамос од 15 милиони евра за две сезони, плус до 20 милиони евра за потпишување на договорот, беше неприфатлива.
„Росонерите“ платија 28,5 милиони евра за Фикајо Томори од Челси по шестмесечна позајмица, па Рамос не можеше да добие загарантирана минутажа.