Милан се засилува со одличен напаѓач!

Италијански Милан по долго отсуство се врати во Лигата на шампионите. Очекувањата на навивачите се големи, а првото засилување веќе пристигна.
Мајк Мењан, поранешниот голман на новиот шампион на Франција, веќе пристигна на „Сан Сиро“, а наскоро може да се случи уште едно големо засилување.
Станува збор за фудбалерот на Сасуоло, Доменико Берарди. Имено, „росонерите“ веќе планираат да му се заблагодарат на Саму Кастилјехо, а италијанскиот репрезентативец е означен како негова замена.
Според италијанските медиуми, Милан веќе понудил 20 милиони евра плус талентираниот Матео Габиа во замена за напаѓачот на Сасуоло, па ќе видиме дали ќе се реализира овој трансфер.
„Сан Сиро“ досега го напушти првиот голман Донарума, но навивачите не треба да се грижат бидејќи пристигна одличниот Мајк Мењан.