Европски ФудбалФудбал

Милан најде засилување во нападот на Арсенал

Челниците на Милан размислуваат за следната сезона, а наводно приоритет им е засилување на напаѓачката линија, па на списокот со желби им се неколку играчи.

Според италијанските медиуми, на самиот врв на листата на желби на „Росонерите“ е францускиот напаѓач на Арсенал, Александар Лаказет, чиј договор со лондонскиот клуб истекува на крајот од сезоната.

Покрај Милан и Атлетико Мадрид, Барселона и Њукасл наводно би биле среќни да го видат овој искусен 30-годишен напаѓач во своите редови.

Оваа сезона Лаказет одигра 10 натпревари за Арсенал во сите натпреварувања со ефект од три гола и една асистенција.

Освен за Арсенал во досегашната кариера, францускиот напаѓач играше само за Лион, а во редовите на „Топџиите“ дојде во 2017 година.

Да додадеме дека за Арсенал одигра вкупно 180 натпревари и постигна 68 гола на кои додаде и 29 асистенции.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!