Европски ФудбалФудбал

Милан конечно го договори Жиру

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан конечно го договорил Оливие Жиру. Французинот треба да потпише двегодишен договор со Милан, а неговиот годишен престој на „Сан Сиро“ ќе му донесе 3,5 милиони евра.

Според пишувањата во италијанските медиуми трансферот ќе биде официјализиран во следните денови, по што ќе следи промоција на Жиру во дресот на Милан.

Минатата сезона во дресот на Челси, тој постигна 11 гола на 31 натпревар, додека во дресот на Франција на 110 натпревари, тој ја затресе мрежата на противникот 46 пати.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!