ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Милан Илиевски нов шеф, Баже Илијоски во стручниот штаб на Работнички

Работнички го именува Милан Илиевски за нов шеф на стручниот штаб. Тој доаѓа во тандем со Баже Илијоски кој ќе биде негов прв асистент. Тие од денес ја преземаат должноста и ќе го одржат првиот тренинг со тимот. Поранешните истакнати фудбалери на Работнички сега се враќаат во нова улога.

Во стручниот штаб на Милан Илиевски ќе бидат и Теодор Терзиев како кондициски тренер и Филип Ивановски кој ќе продолжи да работи со голманите.

Милан Илиевски беше дел од стручниот штаб на Игор Ангеловски во А-репрезентацијата на Македонија која успеа да обезбеди пласман на Европското првенство 2020 година.

Илиевски дебито на клупата ќе го има на натпреварот против Брегалница во Штип следниот викенд.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!