Европски ФудбалФудбал

Милан го откупи договорот на Томори

Фикајо Томори дојде во Милан во јануари на позајмица од Челзи и одигра навистина фантастично. Во Милан, брзо сфатија дека Томори е она што им недостасува во одбраната, па решија да го потпишат на трајна основа.

„Росонерите“ веднаш по завршувањето на сезоната влегоа во преговори со Челзи и брзо најдоа заеднички јазик.

Милан ќе плати 28 милиони евра отштета. Иако италијанскиот гигант првично имаше желба да ја спушти поставената цена, на крајот не сакаше да ризикува ништо, само за да го задржи одличниот англиски стопер.

Томори има 23 години и претходно играше за Челзи, Дерби, Хал Сити и потекнува од Академијата на Челзи. За Милан, тој забележа 17 настапи во Серија А и постигна еден гол, во победата над Јувентус од 3:0 на крајот на сезоната. Благодарение на неговите добри игри, Милан успеа да стигне до Лигата на шампионите по седум години чекање.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!