ФудбалФудбал - Четврта Лига

Миладиновци со млада екипа најавува голема борба за прво место и влез во Трета лига – Север!

Четвртолигашот Миладиновци којшто се натпреварува во ОФЛ Гази Баба за тековната сезона која стартува на 14 март најавува голема борба за прво место и влез во Трета лига – Север, што е прв цел на клубот.

Миладиновци има млада екипа, но и неколку искусни играчи кои имаат третолигашко искуство и кои треба да му помогнат на клубот во остварување на неговите цели за тековната сезона.

Контролен натпревар меѓу Миладиновци и Зелениково

Клубот има добра финансиска состојба благодарение на некои фирми кои го спонзорираат клубот, како и од иселеници, кои, исто така финансиски го помагаат клубот. Теренот во Миладиновци е во одлична состојба, условите за тренинг и за играње на домашните натпревари се одлични. Во зима екипата тренира во сала или во балон со вештачка трева.

Теренот во Миладиновци

Миладиновци од минатата недела стартуваше и со пријателски натпревар со цел да ја темпира формата пред почетокот на возбудливата борба за Трета лига – Север во која се наметнува како еден од фаворитите.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!