ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Мијалче Прошев е нов координатор на младинската школа на Брегалница, на местото на Борче Постолов

Мијалче Прошев е нов координатор на младинската школа на ФК Брегалница.

По крајот на есенскиот дел од сезоната 2021/2022, по меѓусебен договор прекината е соработката на ФК Брегалница со досегашниот координатор на младинската школа, Борче Постолов.

На местото на Постолов за нов координатор на младинската школа на ФК Брегалница е именуван Мијалче Прошев, кој е и тренер на младинскиот тим на „сините“ и повеќе од успешно изминатиов период ги водеше надежите на Брегалница.

„По взаемен договор прекината е соработката со Борче Постолов а на негово место именуван е Мијалче Прошев. Како клуб искажуваме благодарност до Постолов за досегашниот удел во развојот на младите категории во клубот. Веруваме дека Прошев ќе внесе нова свежина во работата со најмладите категории кои се исклучително значење за клубот, посакувајќи му успех во работата“ – вели извршниот директор на ФК Брегалница, Емил Тодев.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!