ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Михајлов прозиваше, Борец ќе се засилува во средниот ред и нападот

Велешки Борец денес официјално ги започна подготовките за пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига. Тренерот Горазд Михајлов на првиот собир ги имаше и новите засилувања, но без странците, кои на екипата ќе се приклучат во недела.

Од Борец велат дека преговарат со неколку играчи кои ќе го подигнат нивото во средниот ред и во нападот.

Стручниот штаб на клубот е засилен со Благој Левков, а во план е да се приклучат неколку играчи од младинската школа на Борец.

Тимот ќе работи по два пати на ден, додека формата ќе ја подига на припремите закажани во Струга.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!