ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Михаило Митров најново засилување за Слога Виница

Второлигашот Слога од Виница денес донесе ново засилување, станува збор за Михаило Митров кој доаѓа од прволигашот Борец.

Митров во својата кариера покрај Борец има настапувано и за Металург, Кожуф од Гевгелија, Еуромилк ГЛ, а има и интернационална кариера во вториот тим на Стеауа Букурешт, романските Фарул и Клинчени.

25-годишниот играч за врска ќе биде големо засилување второлигашот од Виница во пролетните предизвици.

Претходно, Слога го засили нападот со 24-годишниот Дамјан Ивановски кој пристигна од радовишка Плачковица.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!