ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Михаил Маневски од Шкендија на позајмица во Силекс

23-годишниот лев бек на Шкендија, Михаил Маневски во следните шест месеци ќе настапува за кратовски Силекс на позајмица, која е договорена помеѓу двата клуба.

Штипјанецот ќе има поголема минутажа за настап во дресот на кратовскиот прволигаш.

Маневски во Тетово пристигна од штипска Брегалница во јануари годинава, додека пак во својата кариера претходно има настапувано и за Академија Пандев.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!