ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГАФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Метин Ќерими си замина од Братство Житоше

Метин Ќерими си замина од Братство од Житоше откако екипата експресно отпадна во Трета лига – Југ. 20-годишникот кој во зимскиот преоден рок пристигна во Браство по завршувањето на сезоната си заминува од екипата.
Тој во Житоше дојде од редовите на Воска Спорт од Охрид, а има настапувано и за нисколигаши во Швајцарија.
Братство минатата сезона преку баражот со Хоризонт Турново обезбеди историско учество во Втората лига – Исток, но по една година во второлигашкото друштво заврши на претпоследното место и отпадна од лигата со што од следната сезона повторно ќе се натпреварува во Трета лига – Југ.