ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Метин Ќерими е најновото засилување за второлигашот Братство Житоше

Македонскиот второлигаш Братство од Житоше се засили со Метин Ќерими, кој доаѓа од редовите на Воска Спорт од Охрид.

19-годишникот ќе биде дел од екипата од Житоше до крајот на сезоната и ќе треба да помогне во борбата за опстанок во второлигашкото друштво. Ќерими има настапувано и за нисколигаши во Швајцарија.

>>> ПРОМО ЦЕНА 900 ДЕНАРИ НОЌЕВАЊЕ ЗА ТРОЈЦА ВО ОХРИД, РЕЗЕРВИРАЈТЕ НА КОТВА.МК <<<

Братство есенската полусезона ја заврши на претпоследното место на табелата во Втора лига – Исток со само седум освоени бодови и има негатива од 12 бодови во однос на местата кои гарантираат сигурен опстанок.

Второлигашот од Житоше максимално се подготовува за пролетните предизвици, како што дознава Спортска Мрежа екипата на Братство во следниот период ќе се засили со квалитетни играчи кои ќе треба со своето искуство да помогнат во битката за опстанок.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!